Млада Македонка загина во Данска

Млада 22-годишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска.

Полицијата од Данска откри дека девојката работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случила несреќата со машина за чистење.

Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.

„Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци“, објаснува Торбен Витендорф од данската полиција.

17.05.2022 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега