Млад спортист од Кавадарци позитивен на коронавирус

Триесет и двегодишен спортист од Кавадарци е новиот случај позитивен на коронавирус, откриен при скрининг. Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци, во изјава за МИА денеска нагласи дека се работи за спортист, кој тренира во спортски клуб во друга општина од Тиквешко и дека скринингот покажал оти сите други играчи се негативни на коронавирусот.

Младиот кавадарчанец бил со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се работи на утврдување на неговите контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата, во Кавадарци има 21 случај на коронавирус, а во Росоман еден. Во Неготино 11, а во Демир Капија 10. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега