Млад португалски репрезентативец застрелан во гради

Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Тавареш е застрелан со градите и итно е префрлен во болница каде лекарите во последен момент му го спасиле животот.

Како што пренесуваат португалските медиуми, младинскиот репрезентативец уште во неделата претпладне случајно е застрелан од пријател.

Несреќата се случила во автомобилот во кој биле заедно, а пиштолот наводно истрелал сам од себе. Бруно Тавареш веднаш е префрлен во болница каде лекарите по интервенцијата објавиле дека фудбалерот имал многу среќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега