Млад моторциклист повреден во сообраќајка кај Тетово - возел без возачка дозвола и таблички

 

Утринава околу 01.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, во близина на клучката за Желино, дошло до судир помеѓу мотоцикл и автомобил.

Имено 25- годишниот  С.И од село Рогле, тетовско, кој го управувал моторциклот без регистарски ознаки (таблици), и без положен возачки испит и патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 51- годишниот Џ.И од село Грчец, скопско се судриле .

Притоа, со повреди се здобил  мотоциклистот, кој со истото возило бил пренесен и задржан во тетовската клиничка болница.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

16.04.2018 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа