Млад Грк загина бегајќи од контролори во тролејбус

Денеска во атинската населба Перистери животот го загуби 19-годишно момче кое скокнало од тролејбус бидејќи влегла контрола, а тој немал билет.

Момчето било префрлено во болницата „Генико Кратико“, но за жал им подлегнало на повредите ова утро.

Полицијата ги уапсила возачот на тролејбусот и контролорот на билети, а се истражува како младото момче успеало да ја отвори вратата додека тролејбусот бил во движење.

ФОТО: П:С: Европа

13:11

најчитано сега