Млад гостиварец силувал малолетно девојче

Триесет и едногоидшен гостиварц е лишен од слобода откако бил пријавен дека извршил обљуба на малолетна девојка. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Според информацијата од СВР Тетово, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ноќва во 00:45 часот го лишиле од слобода И.Б. (31) од Гостивар. Тој се сомничи дека во дворот на семејната куќа извршил обљуба врз 17-годишна малолетничка од Скопје, која имала привремено живеалиште во Гостивар.

И.Б е задржан во полициска станица Гостивар, а по целосното документирање на случајот против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

28.07.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега