Младиот дваесетгодишен фудбалер Анте Богдан го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата попладне на државниот пат Д8, во Хрватска. Инцидентот се случил во градот Велики Прженац, во општина Карлобаг, кога тој изгубил контрола над своето возило.
Полициските служби веднаш извршиле увид на местото на настанот за да ги утврдат причините за несреќата.
„Според полициските информации, Богдан управувал мотоцикл со сплитски регистарски таблички од правец на Задар кон Карлобаг. Во еден момент, поради несоодветна брзина, ја изгубил контролата врз мотоциклот, удрил во работ на патот, а потоа и во камен исечен покрај патот. Починал на самото место од повредите.“
Веста за неговата ненадејна смрт предизвика голем шок меѓу фудбалските фанови во регионот, а неговиот поранешен клуб НК Омиш упати последно збогување до младиот играч.
Од клубот излегоа со официјално соопштение во кое изразуваат длабока тага за загубата.
„Со голема тага и неверица ја примивме веста за ненадејната смрт на нашиот поранешен играч Анте Богдан. Тој го носеше дресот на нашиот клуб во сезоната 2024/25, а неговото ненадејно заминување длабоко нè погоди. Во овие тешки времиња, им изразуваме искрено сочувство на неговото семејство, пријателите и на сите што го познаваа. Почивај во мир, Анте“, соопшти НК Омиш.


