Митровски до Богоевски: Ја замајуваш јавноста, ајде на тестирање во МАНУ

Адвокатот и поборник за легализација на канабисот, Јанаки Митровски, го осуди пратеникот Павле Богоевски за замјување на јавноста.

-Поборник сум за легализација на канабис и декриминализација на лична употреба на наркотици. Од тука не можам да го осудам Павле. Но! И те како можам да го осудам неговиот обид да ја замајува јавноста. Масло не се мери во грамови туку во кубици, а пола кубик не е 2.500. Перфидно е да се повикува на болните и уживателите. Павле не е обичен граѓанин, пратеник е. Ако толку е загрижен за декриминализација на канабисот може и те како нешто да направи. Ете БИЛКА работи на предлог законски измени добредојден е да допринесе, напиша Митровски на Фејсбук.

Откако Богоевски изјави дека се пријавил во полиција и ако барала истрагата ќе направел нарко-тест, Митровски напиша дека тој лично се нуди да му плати тестирање во лабораторија во МАНУ од влакна од косата.

-Павле вика бил подготвен да му се направи тестирање. Павле бесплатен правен совет од адвокат- DONT GO THERE!! Или веќе чим така си одлучил еве јас се нудам да помогнам да си ја докажеш теоријата. Не тестови од 200 ден од Зегин или крв, урина.Еве јас ти предлагам во МАНУ лабараторијата прават тест од влакна од коса и има да ти извадат историјат каков тип млеко си пиел, а не какви наркотици си земал или не. Тоа тестирање чини 60.000,00 денари и се нудам ЈАС да го платам. Alea iacta est!!!! – напиша адвокатот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2019 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега