Митрополитот црногорски-приморски Амфилохие префрлен во болница поради позитивен тест на коронавирусот

Митрополитот црногорски-приморски Амфилохие е префрлен во Клиничкиот центар во Подгорица, откако вчера беше објавено дека е позитивен на коронавирус. Амфилохие најпрво престојувал во болницата „Данило I“ во Цетиње, каде што, според неофицијални информации на подгоричките медиуми, му била извршена стандардна процедура – земање примероци, епидемиолошко испитување, клинички преглед и скенирање на белите дробови.

„Иако е утврдено дека неговата општа здравствена состојба е во ред (без значителни потешкотии), и тој лично се чувствува добро, тестот за ковид потврди дека владиката е заразен со овој вирус, па поради овие причини, тој е пренесен во КБЦ Подгорица. Поради поповолни услови за лекување, тој ќе биде сместен се додека трае инфекцијата“, е наведено на веб-страницата на Црногорско – приморската митрополија.

Амфилохие има 82 години, па спаѓа во ризичната група. „Вијести“ објави дека тој не бил виден во јавноста со заштитна маска, освен кога гласал на парламентарните избори на 30 август.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 08:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега