Митрев: Бугарите во Македонија секојдневно се соочуваат со дискриминација и притисоци

Претседателот на Здружението за македонско-бугарско пријателство, Добре Митрев, во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, зборуваше за дискриминацијата на Бугарите кои живеат во Македонија.

Митрев рече дека станува збор за секојдневна појава и посочи пример за девојче кое не било примено во полициска академија токму од тие причини.

„Девојче на 18-19 години од Кавадарци треба да се запише на полициска академија и добива известување дека не ги исполнува безбедносните услови за прием во тоа училиште, и тоа поради тоа што нејзиниот татко секаде јавно се декларира како Бугарин. Тоа е најнов пример на дискриминација на Бугарите во Македонија“, вели Митрев.

Според него, покрај дискриминацијата, во Македонија се запоставуваат и културните настани кои се промовираат од бугарската амбасада и културно-информативниот центар.

„Дали некој медиум има рекламирано културен настан што го промовира бугарската амбасада во Македонија? Нема. На пример, книгата ‘Железниот светилник’ од Димитар Талев, тоа е најпреведуван автор од бугарски јазик во светски рамки, кој е роден во Прилеп. Имаше овде театарска претстава од него, но немаше никаква реклама за тоа“, рече Митрев.

03.12.2021 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега