Митрески: Во општина Струга се завршени сите регионални патишта, продолжуваме понатаму бидејќи можеме уште подобро и уште повеќе

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5 Јован Митрески, одговараше онлајн преку својата страница на „Фејсбук“ на повеќе прашања од граѓаните, во врска со статусот на стечајците, како и за повеќе инфраструктурни проекти.

„Упеавме да го решиме прашањето на 12.000 стечајци, во наредниот период ќе ги решиме и преостанатите и повеќе нема да зборуваме за ова горливо прашање, туку ќе стане минато, одговори Митрески на прашањето во врска со судбината на околу 500-600 граѓани, кои не успеале да ги исполнат условите, да добијат финансиска помош од 8.400 денари до пензионирање, а тука спаѓаат во најголем дел работници од ЕМО, Стружанка, Единство, Струшко поле.

Во врска со инфраструктурните проекти, Митрески нагласи дека во општина Струга се решени сите регионални патишта, меѓу кои Дрслајца-Збажди, Збажди-Ржаново-Локов-Буринец-Селце до централа.

Од локалните патишта рехабилитирани се правците Подмоље-Струга, од месноста Суво поле-Вевчани-Октиси-Заграчани до излезот на патот Струга-Ќафа сан, од Сувополе до Алумина Лабуништа, од Лабуништа преку Боровец до Јабланица, истакна Митрески, додавајќи дека станува збор за патишта, кои не биле чепнати минатите 30-40 години.

Тој наведе дека Јавното претпријатие за патишта наскоро ќе објави тендер за регионалниот пат Збажди - Локов Централа, на патот Дебар-Струга, како и за патниот правец Подмоље - Ќафа Сан, за кој се обезбедени средства.

Митрески истакна дека е трасиран патот и е изработен проект за автопатската делница Требеништа-Ќафа сан, но таа траса треба да се преиспита по препорака на УНЕСКО, посебно за Требеништа, каде има археолошки локалитет.

Во рамките на проектот Македонија без кал со вкупна вредноста од 75 милиони евра, за општина Струга се издвоени 1,213 милиони евра, со кои од септември ќе бидат рехабилитирани патните правци во местата Вишник, Горна Белица, Дримкол, налсебата Мислешевски пат, и ќе ги завршиме, најави Митрески.

 Во врска со колекторскиот систем во Струга, од автокампот Треска до Елем Камен, Митрески рече дека се обезбедени 550.000 евра од проектот за меѓугранична соработка со Албанија. Тој додаде дека се работи на голем проект во вредност од 50 милиони евра, кој предвидува колекторски систем како прстен околу Охридското езеро, но и поврзување на населените места Подгорци, Октиси, Вевачни, Ложани, Драслајца, Мороишта, во целиот систем од канализации.

Ако општина Струга не може да се справи, како што вели, државата ќе мора да ја преземе надлежноста и да го реши проблемот со дивоградвите на крајбрежјето, порача Митрески.

Тој додаде дека концесионерите се свесни дека склучиле договори со рок и должни се плажите да ги вратат во првобитна состојба, бидејќи препораките на УНЕСКО ни се битни, ова е наше најголемо природно и културно наследнство, но и светско наследство, а развојот на економијата мора да биде во согласност со она што ни го оставиле нашите претци во наследство.

Прогласувањето на Јабланица како национален парк или парк шума, веќе е во процедура. Тоа го работат општините Вевчани и Струга, одговори Митрески на прашањето за дивата сеча и нагласи дека ова прашање мора да се затвори со што ќе се заштити Јабланица како национално богатство, кое изобилува со реки, води и ендемски растенија и ќе привлекува туристи, вљубеници во недопрената природа.

Митрески истакна дека изминатите три години, покажавме како се работи чесно, посветено, домаќински и единствено во интерес на граѓаните.

И продолжуваме понатаму бидејќи можеме уште повеќе, уште подобро“, напиша Митрески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега