Митко Чавков и уште седум лица од штипскиот затвор заразени со Ковид 19

Пет осудени лица, меѓу кои поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, кои се на издржување на затворска казна во затворот во Штип, како и тројца вработени во затворот се позитивни на вирусот Ковид 19, пренесува порталот СДК.

– Во моментов, во КПД Штип има три вработени лица позитивни на коронавирусот и пет осудени лица. Петте осудени лица позитивни на коронавирус се во две посебни простории изолирани и издвоени од останатите осудени лица, вели директорот Мики Тодоров

Чавков ја издржува казната во затвореното крило и најверојатно се заразил од некој од вработените, бидејќи не користи викенд.

Вчера во затворот се тестирале уште дваесетина затвореници и вработени, за да се открие дали кластерот се шири.

Чавков издржува казна од 16 години, осуден во март 2019, за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017. Во февруари годинава, Апелациониот суд му ја преиначи казната од 18 на 16 години затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега