Митева: Заев ги создаде сите проблеми на Македонија – треба да си замине од политичката сцена

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во емисијата „Само Вистина“ рече дека за Македонија да добие датум за преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев да си замине од политичката сцена. Според неа, токму тој ги создадел сите проблеми со кои денес се соочува државата.

„Најпрвин сакам да истакнам дека искрено жалам што ВМРО-ДПМНЕ ги предвиде настаните кои што ќе се случуваат, односно потенцираше дека е можно да дојде до ваков проблем согласно нели договорот од Бугарија. Јас колку што се сеќавам ние во минатото бевме сведоци дека Владата на СДСМ четири датуми ги дефинираше како датуми за почеток на преговори со ЕУ. Дури и успеав да ги издвојам, тоа се јуни 2018-тата година, 25 март 2019-та година, 30-ти април 2019-та година, и на 24-ти март вели – „Во исклучителен тежок момент за нашата држава за Европа и за целиот свет денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест, Република Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ“, а денеска сме 12.05.2021 година и разговараме кои се проблемите и зошто Република Македонија не може да биде на патот кон ЕУ“, рече Митева.

Митева додаде дека СДСМ направи многу клучни грешки во самиот процес за добивање на датум за преговори со ЕУ.

„Самиот договор со Бугарија има голем проблем со тоа што нема Бугарија никакви гаранции дека нема да го кочи патот на Република Македонија кон ЕУ. Второ, формирана е Комисија која што треба да одлучува за заедничката историја и токму сега го гледаме проблемот, каде што македонскиот идентитет и јазик се ставени на маса. Важно е дека оној кој што го создаде проблемот односно господинот Зоран Заев сега вели дека тој проблем треба да се тргне од масата. Јас мислам дека тој што треба да се тргне од масата е токму тој кој што го создаде проблемот“, нагласи Митева.

Митева во текот на емисијата ја запраша Богданка Кузеска кој претседател говореше дека граѓаните во Струмица и од Петрич говорат ист јазик.

„Кој зборуваше дека јазикот кој што го зборуваат во Струмица и Петрич е ист. Мојот претседател Христијан Мицкоски или вашиот претседател“, Митева ја запраша Кузеска.

Митева додаде дека договорот со Бугарија е на штета на Македонија. Овој договор кој што го склучи Заев со Бугарија го загрозува македонскиот идентитет и македонскиот јазик. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега