Митева: Шилегов набавува клупи од тропско дрво со 7 штички кои чинат по 500 евра

Никаде го нема тунелот под Кале, продолжението на булевар Илинден, мостовите, зип-лајн, реконструкција на езерото Треска и уште многу други капитални инвестиции кои беа ветени, но затоа драги скопјани имаме 260 клупи од тропско дрво вредни 123.000 евра, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Говориме за јавна набавка на 260 клупи во вредност од 123.000 евра. Единечната цена по клупа изнесува речиси 500 евра по клупа. Она што дополнително изненадува во целата оваа јавна набавка е техничката спецификација која е составен дел на тендерската документација и во која внимавајте, дрвените греди од кои ќе биде изработена клупата со наслон и без раконаслон треба да се тропско дрво вид меранти, ироко. Овој вид на дрво е егзотичен вид кој потекнува од тропските предели на Јужна Африка – рече Митева.

Таа праша дали е нормално една клупа со 7 штици да чини 500 евра.

-Загрижувачки е фараонскиот манир на Шилегов, во услови на тешка економска и здравствена криза Град Скопје склучува договори за луксузни клупи, повторувам со даски од тропско дрво. Скопје единствено што доби во овие 4 години власт на Шилегов и СДСМ е уништено зеленило, противпожарно возило во вредност од 1,7 милиони евра и клупи од тропско дрво – рече Митева.

12.06.2021 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега