Митева: СДСМ гласаше против предлогот на ССМ за зголемување на платите на работниците

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека пратениците на СДСМ гласале против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јаниот сектор.

„Почитувани,

Пратениците на СДСМ гласаа против предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2806 денари. СДСМ им го отежна животот на десетици илјади семејства.

Линеарното зголемување на платите кое СДСМ го отфрли, беше всушност и законска обврска на власта за спроведување, која не ја почитуваат, а произлегува од Законот за зголемување на минималната плата, кое само по себе бара линеарно усогласување на сите плати.

Ова се истите пратеници кои изгласаа буџет од скоро 4.5 милијарди евра, а во изминативе 5 години изгласаа буџети од вкупно 20 милијарди евра.

Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за набавка на златен прибор за јадење за потребите на Ковачевски од околу 40.000 евра.

Ова се пратениците кои изгласаа буџет од кој се одвоија средства за грантот на Заев, кој е во висина од 1.4 милиони евра.

Ова се пратениците кои гласаа буџети, од кои се одвојуваа милиони за тендери во РЕК Битола, пари од кои се полнеа џебовите на луѓето блиски до власта.

Овие 64 пратеници предводени од СДСМ се пратениците кои ќе останат запаметени како пратениците кои го овозможија луксузот на власта и одобруваа пари за тендерите на Заев и Ковачевски, а не сакаа да одобрат пари за работниците во јавниот сектор, од кои многумина со таа една плата издржуваат цело семејство.

И уште еднаш потенцираме. Пари за работниците има, само власта на СДСМ мора да престане да краде. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде со работниците и народот, и по промената на власта и доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ работниците и народот ќе бидат на прво место“, вели Митева.

22.06.2022 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега