Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ после само 5 години ја донесе на раб на банкрот

Неодговорното однесување на директорот на Катастар ја загрозува правната сигурност и во голема мера го попречува нормалното функционирање на платниот промет, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева вели дека по 
5 години по раководењето со Катастарот од страна на СДСМ наместо да имаме нови подобрени и понапредни системи, за жал сведоци сме дека и постојните не се одржуваат.
 
„Денес, 5 години по раководењето со Катастарот од страна на СДСМ наместо да имаме нови подобрени и понапредни системи, за жал сведоци сме дека и постојните не се одржуваат. Па така, електронскиот катастар со денови во месецот не работи, исто така и електронскиот шалтер од кој се добиваат празни фајлови, ДМС системот за електронско внатрешно работење не функционира, Мак едит системот по пропаднатите тендери за негови надградби практично не работи и Геодетските фирми имаат сериозни проблеми при изготвување на геодетските елаборати, Дигитализацијата на катастарот е комплетно застаната, така што ако од 2013 до 2017 се дигитализира 97% од територијата на Државата, неспособноста е толку голема што за 5 години не може да се завршат преостанатите 3 % од катастарските планови“, вели таа.
 
Митева посочи дека во последните години директорот на Катастар работел неодговорно.

„Изминативе години сме сведоци на неодговорното работење на актуелниот директор на катастарот со што го доведува во прашање и работењето на геодетите, нотарите, банките, општините, судовите, државните органи или ја доведува во прашање правната сигурност на платниот промет. Но наместо некој да понесе одговорност и да се разреши Директорот, Владата дозволи покачување на цените на катастарот за некои производи и преку 500%. Па така, после денешниот брифинг на директорот на кој беа изнесени голем број на невистини во прилог доставуваме табели со споредба на цените на услугите во 2017 година со цените кои ги имаме денес по покачувањето. Имено, споредбата е направена на два основи, и за податоци кои се однесуваат за уписи во катастар и вториот принцип, кој се однесува на купување на податоци од катастарот. Ова се вистинските податоци кои директорот денес не ги соопшти на јавноста со да го оправда овој потег. Факт е дека Катастарот е уште една институција која СДСМ ја наследи со одличен систем на функционирање, а после само 5 години истата ја донесе на раб на банкрот“, вели Митева.

 

29.11.2022 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега