Во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека оваа Влада за разлика од претходната и покрај наследените проблеми и предизвици и покрај ограничените ресурси, со голем труд и посветеност напорно работи за подобрување на работите во државата.
„Се уште се санираат штетите, не се завршени оние процеси коишто навистина од ден за ден се појавуваат низ институциите како наследени проблеми и предизвици со коишто се соочуваме, успеавме навистина да покажеме огромна разлика, затоа што ресурсите се многу ограничени и заради тоа што исклучително голема труд и посветеност е потребна да за можете да ги поместите работите“, рече Митева.
Митева посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја движи државата во правилна насока, а за тоа показател се анкетите кои и покрај две години власт, со добра консолидација и посветеност рејтингот на владејачката партија има значителен пораст.
„Сериозни се инвестициите коишто ги направивме во инфраструктурата, со образовни политики, индикаторите коишто ги имаме во делот на економијата каде што од еден слободен пад ние дојдовме до 6 квартали каде што имаме раст на БДП од 3,5%. Ние имаме сериозни инвестиции во делот на дигитализацијата каде што е тесно поврзана со она искоренување на корупцијата во институциите или во јавната администрација, имаме сериозни инвестиции во делот на социјалната политика, сериозни инвестиции имавме во општините во оној регионален развој којшто го направивме со оние 250 милиони коишто ги поделивме се со цел да се развијат општините, имавме сериозни инвестиции во делот на бизнис секторот на компаниите“, рече Митева и додаде:
„Успеавме да направиме добра консолидација, успеавме навистина да покажеме едно друго ниво на посветеност и работа во рамки на институциите и една сериозност којашто навистина граѓаните мислам дека ја ценат. Незалудно се оние анкети каде што поддршката на владејачката партија има навистина пораст дури и по две години владеење, и верувам дека тоа ќе се одрази и на изборите затоа што на крајот од денот граѓаните таму одлучуваат дали се задоволни од работата која што ја правите или не“.


