Мистериозно киднапирање во Канада - на сила втурнале студент во црно комбе и заминале, полицијата објави снимки

22-годишен кинески студент е киднапиран во Канада и внесен во комбе со украдени регистерски таблички, соопштила полицијата.

Вангцен Лу бил во подземна гаража каде четири маскирани лица го киднапирале на 23. март, а полицијата сега објавила снимки и негови фотографии очекувајќи помош при неговото пронаоѓање.

Мотивот уште не е познат, но портпаролот на канадската полиција рекол дека студентот е киднапиран со прилично високо ниво на насилство.

Лу бил во придружба на женско лице кога влегол во гаража околу 6 часот попладне. Тогаш му пришле 3 маскирани лица, го зграбиле на сила и го внеле во црно комбе, кое го возел четврто лице. Киднаперите се фокусирале исклучиво на Лу, додека неговата пријателка не била повредена.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега