Мистериозна епидемија во Мексико, досега загинаа 35 лица

 

Мексиканските владини претставници во северниот дел на земјата објавија дека уште едно лице починало од мистериозна епидемија на менингитис, со што бројот на загинати од болеста се искачи на 35, пренесе Ројтерс.

До денес, здравствените власти во претежно руралниот дел на државата Дуранго забележале 79 случаи во изминатите неколку месеци.

Менингитисот, односно воспаление на цереброспиналната течност или менингите, најчесто е предизвикан од вирус, а во некои случаи и од бактериска или габична инфекција.

Првиот случај на менингитис во Дуранго беше потврден на крајот на минатата година, кога лекарите потврдија дека има неколку пациенти заболени од асептичен менингитис, исклучително опасно воспаление на мозокот.

Заразените пациенти во Дуранго биле подложени на операции со спинална анестезија во приватни болници во главниот град на мексиканската држава, покажаа податоците на Светската здравствена организација.

Оваа година, здравствените власти во Дуранго речиси секој ден забележуваат нови случаи, како и хоспитализирања и смртни случаи.

Претставниците на СЗО во декември објавија дека ја следат и помагаат да се утврди причината за менингитисот, заедно со мексиканската влада.

Не е познато дали инфекциите започнале во Дуранго и колку пациенти се опоравиле од болеста.

07.02.2023 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега