Мистериозен објект сред Антарктикот: Потсетува на крузер, а сите се прашуваат како стасал до тука (ВИДЕО)

''Бродот'' е долг околу 120 метри, а на фотографијата можат да се воочат детали кои што потсетуваат на командна кула, неколку прозорци, па дури и оџаци.

Изминативе денови на социјалните мрежи се коментира откритието на еден од корисниците на Google Earth.

Тој на околу 100 километри од крајбрежјето на Антарктикот ''пронашол'' замрзната структура која што потсетува на крузер.

Откритието покренало лавина коментари и теории на заговор, што всушност се крие на Антарктикот - од тајни нацистички бази, мистериозни цивилизации до вонземјани.

Многубројни толкувања

Фотографијата била објавена на Јутјуб канал и веднаш привлекла внимание. Кога видеото ќе се префрли во 3D не може да се одрече дека потсетува на голем брод.

„Јасно се воочува неговата линија. Должината на бродот е околу 120 метри и лежи далеку од крајбрежјето на Антарктикот“ - се наведува.

Видеото било поставено на 7-ми август и има над 50.000 прегледи, како и над 100 коментари.

Поединци се убедени дека овој брод завршил на оваа локација поради тоа што влетал во мистериозниот Бермудски триаголник.

Други веруваат дека бродот е ''остаток од нацистите кои што на Антарктикот граделе тајни бази по Втората светска војна''.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега