Мистеријата за најсилната експлозија во историјата - била 185 пати посилна од Хирошима

 

Повеќе од 100 години после најсилната експлозија забележана во историјата, научниците и понатаму се обидуваат да откријат што точно се случило.

На 30 јуни 1908 година, експлозија ја потресла изолираната шума во Сибир во близина на реката Подкамена Тунгузиска. Се верува дека огнена топка со големина од 50 до 100 метри паднала на земјата и уништила околу 2000 квадратни километри шума, односно околу милион дрва. Земјата се тресела, а прозорите од куќите во најблискиот град кој бил оддалечен околу 60 километри, се искршиле.

Локалните жители ја почувствувале топлината од експлозијата, а некои дури од ударот паднале на земја.

Оваа „Тунгуска експлозија“ останала најсилна експлозија некогаж, а произвела најмалку 185 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена на Хирошима. Сеизмички потреси се чувствувал се до Обединетото Кралство.

За среќа подрачјето на кое се случило огромната експлозија било ретко населено. Немало официјален извештај за човечки жртви. Иако наводно еден локален овчар загинал кога ударот го фрлил во дрво. Стотина елени биле претворени во запалени лешови. Еден сведок навел дека небото било поделено на два дела, а високо над шумата целиот северен дел од небото изгледал како да е покриен со оган.

 

 

 

27.05.2018 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа