Мистерија околу мајките на децата на Кристијано Роналдо: Има четири а само за едно се знае дека го родила Георгина

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо е семеен човек и често објавува фотографии од неговите четири деца на социјалните мрежи, од кои самонајмалото го роди неговата девојка Георгина Родригез, додека трите постари ги родија сурогат мајка.

Аргентинската манекенка го роди четвртото дете на Роналдо, Алана Мартин (3), откако Кристијан јуниор (10) и близнаците Ева и Матео (3) ги добија совештачко оплодување.

Кога Кристијано Роналдо стана татко на близнаци, Ева и Матео, кои му ги роди сурогат мајка, пред скоро четири години, исто како и кога го имаше и неговиот најстар син Кристијано јуниор, медиумите се обидуваат да откријат што е можно повеќе информации за жената која му  родила деца на фудбалер на Јувентус.

Уште во 2017 година низ медиумите кружеше документ со кој се докажува дека првиот син на Португалецот, како и близнаци ги родила иста жена. Матео и Ева се родени во малото гратче Ла Меси близу Сан Диего, а сурогат мајката ја породила познатата докторка Марија Кастиљо. Прво се родил синот, а неколку минути подоцна ќерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Британските медиуми тврдат и дека постариот син на Роналдо е роден во истата болница, иако мајката на Португалецот, Долорес, изјави дека тој е роден на Флорида.

Сестрата на Роналдо, Катија (44), наводно, забележала дека децата имаат две мајки, кои се Мексиканки. По раѓањето се договараат изводи и пасоши, па затоа близнаците успеаја да пристигнат во Шпанија, а повторно мајката на фудбалерот ги донесе затоа што тој играше за репрезентацијата на Португалија против Русија. Мајките веројатно не ни знаат кого родиле.

Според строгите услови на дискреција и правото на приватност, на жените кои донирале јајца, како и на оние кои ја носеле бременоста до крај, обично не им е кажано каде „завршиле“ децата.

Локален свештеник, Жоао Родригез од неговата земја, се осмели отворено да го критикува фудбалерот, велејќи дека „со она што го прави, оди против Бога и им го негира на децата правото на еден родител“.

Некои од старите пријатели и соседи на Роналдо сугерираат дека неговата одлука да ги одгледува децата самостојно била поттикната од детските трауми. Како најмлад од четири деца, тој израснал во сиромаштија, живеејќи во сиромашна куќа со ѕидови полни со мувла.

Според Стефани Кабајеро, адвокат кој се занимава со прашањето на сурогат-мајчинство, фудбалската суперѕвезда морала да плати 140.000 на агенцијата за близнаци, а од таа сума 40.000 евра отишле на сурогат-мајка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

-Роналдо избра сурогат мајка меѓу стотици жени чии фотографии и биографии беа достапни во агенцијата. За да добие син на спортски гени, Роналдо избра спортист кој има латино гени. Роналдо може да има проблеми доколку оваа сурогат мајка еден ден се предомисли и реши да се бори за своите близнаци. Сурогат-мајката веројатно никогаш нема да открие кој е татко на децата поради доверливоста на целата постапка – рече таа.

Во Португалија, сурогат-договорите се забранети со закон, особено затоа што Роналдо е неженет.

-Ниту еден португалски суд не би признал каков било договор меѓу Кристијано и сурогат-мајката и таквиот договор би бил прогласен за неважечки – посочува Кабајеро.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега