Мишел Обама призна дека страда од депресија поради коронавирусот

Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, призна дека страда од блага депресија и вели дека пандемијата на коронавирусот и неправдата кон Афроамериканците биле предизвикувачи за болеста.

Мишел рече дека за да се справите со емоционални подеми и падови, треба добро да се познавате себеси и да знаете кои работи ве прават среќни. Таа призна дека има потешкотии да ја следи својата рутина и дека има проблеми со спиењето.

-Се будам среде ноќ затоа што сум загрижена за нешто или чувствувам тежина. Ова не се времиња кои исполнуваат духовно. Се борам со некоја форма на блага депресија. Не само поради карантинот, туку и поради расните немири, а самото гледањето на оваа влада, гледањето на лицемерието од ден во ден, е обесхрабрувачко, рече Обама.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега