Мисајловски: Власта ќе ги крати платите во администрацијата, а денеска потпиша договори за нови вработувања

Мора да констатирам една работа дека добиваме различни изјави дали буџетот е ликвиден и дали има доволно пари пред неколку дена слушнавме дека има одлична кондиција и дека блескаме, а сега слушаме дека фалат 1,3 милијарди евра, сега слушнавме и од Дамјан Манчевски дека фалат околу 2 милијарди евра во буџетот, народот треба да знае што е вистината? Ова вечерва преку видео гостување во емисијата „Клик Плус“ го запраша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Слушам како се фалат меѓу себе колку добро работат, јас не сакам да критикувам сакам реално да ги кажувам работите и стојам на располагање и јас и сите од мојата партија во овој хаос кој ни се случува, но мора да ги знаеме реалните состојби во државата. Во државата нема доволно средства, ние со само две, три недели ваква криза видовме дека нема доволно пари во економијата и дека апсолутно нема доволно пари во буџетот. Од друга страна слушаме како сме најдобри во Европа на секој можен план. Сега мора да ги скратиме сите плати во администрацијата, а од друга денеска не кажуваме дека еден куп авторски договори се потпишуваат на неопределено со многу институции во Македонија или од прилика 65 институции потпишуваат договори со нови луѓе да се вработат, јас би сакал да прашам што е толку итно во домот на културата во Кавадарци да се вработуваат луѓе? Тоа го прочитав можеби грешам, или 15 милиони денари за вработувања во општина Гази Баба? Или 11 милиони за во општина Ѓорче Петров, од една страна велиме дека мора да се скратат парите, а денеска гледаме дека има нови договори.

Мисајловски додава дека тоа не е реална слика, не е фер кон сите граѓани на оваа држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега