Има општини кадешто е 10:1. ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа. Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конренција рече дека има општини каде СДСМ е трета партија.

-Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места. Гласовите се пребројуваат, резултатите укажуваат на водство, рече Мисајловски. 

Кажа дека ВМРО-ДПМНЕ е на праг до убедлива победа во Струмица. 

-Орце води убедливо, убедливо за Скопје. Бројките ги собираме и ве молам да бидеме прецизни. Во однос на споменатите нерегуларности кои го споменува СДСМ ќе го кажам следново: „Разликата е толку убедливо огромна што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со кое сакаат да се оправдаат од изборниот дебакл. Изворот и причините за својот дебакл треба да си го побараат во сопствените редови. Што се однесува до ДУИ, очигледно е дека се декласирани. Али ќе има време да си го анализира својот пораз, рече Мисајловски.

Кажа дека оваа победа е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги водиме.

-Македонија избира да оди напред, а не да се враќа назад. Благодарам Македонијо, благодарам за историската победа, рече тој.

Exit mobile version