Мисајловски од Куманово: СДСМ ветувале 500 евра плата, инфраструктурни проекти, но од сето тоа има само едно големо ништо

Денеска сум во Куманово, поточно на Железничка станица. Затекнав руинирани објекти и раскопана улица. Ова е се што СДСМ направило тука. Населението вели дека кога функционерите на СДСМ доаѓале тука, ветувале 500 евра плата, инфраструктурни проекти, капитални инвестиции, но од сето тоа има само едно големо ништо, коментира носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски..

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на нови инфраструктурни проекти во Куманово и низ цела Република Македонија, асфалтирање патишта, поголеми плати и пензии, капитални проекти, се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. СДСМ мора да замине во историјата и државата да тргне напред.

На 15-ти јули, Куманово и кумановчани ќе го заокружат бројот 14 и ќе ја донесат обновата!, вели Мисајловски во својата објава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега