Мисајловски од Куманово: Еден денар од акцизата ќе оди директно за културните работници, културата и спортот

Денеска еве повторно сум во Куманово скоро секој ден доаѓам тука на убави средби со граѓаните, денеска имавме неколку настани и средби со граѓаните во повеќе населени места, ова денеска од Куманово го истакна носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се сретнавме со младите, прошетавме тука и придонесовме малку да ја подобриме екологијата со Унијата на млади сили се сретнавме и со културните работници да разговараме околу нашата програма. Во нашата програма веќе често пати велиме дека од акцизата ќе одвоиме средства и за спортот, но ќе одвоиме и за културата. Еден денар за културата директно од акцизата ќе оди директно за културните работници, односно за самата култура. Тоа е многу важно бидејќи Куманово го заслужува тоа и ова е најголемиот град во Македонија, јас постојано велам дека треба обнова во уметноста, културата, здравството и инфраструктурата, но Куманово треба да биде на пиедесталот, вели Мисајловски.

Тој додава дека општината во Куманово не вложува ништо во градот, а општината има и премиер кој е од Куманово кој не го засега апсолутно ништо.

-Затоа ние се обврзуваме јас како носител на листата и овие пратеници да помогнеме што повеќе средства да има само за Куманово и да има повеќе проекти во овој град како и за обновата која доаѓа насекаде низ оваа земја, вели Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа