Мисајловски: Не подлегнувајте под влијание на бугарски политичари кои намерно предизвикуваат гнев кај нашиот народ

Ова што го прави Бугарија и политичари од Бугарија, што предизвикуваат гнев кај многу граѓани од Република Македонија, кај многу Македонци е системски и намерно направено само за да предизвикуваат гнев, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски, на Алсат телевизија.

-Затоа ги замолувам сите граѓани: На едни обични марионети, на луѓе кои не заслужуваат ни да им се даде третман во вести, да не подлегнуваат под влијание. Зборувам за бугарски политичари кои нè навредуваат, што сакаат да присвојат сè дека е нивно, а немаат гласови да бидат во власта, па сакаат со навредување на Македонци да добијат плус поени во сопствената држава. Ние сме многу попаметни од тоа, рече тој.

Мисајловски потсети дека не е прв пат да бидеме сведоци на вакви провокации.

-Во минатото еден друг политичар ова го правеше. Зборувам за Каракачанов. Јас тогаш ги замолив медиумите да не го пренесуваат, дека не вреди тој човек, тоа што го збори е срамно. МНР треба да ги прогласи тие луѓе за непожелни, да реагира со ноти и да не им се дозволи такво однесување. Кога ќе реагирате до друга држава да си ги смири своите луѓе, тоа е политички добар чекор, порача Мисајловски.

Тој порача дека кој и да е, од било која држава, ако влегува во Македонија да ја понижува државата и народот, треба да добие забрана за влез и прогласен за персона нон грата.

 

02.02.2023 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега