Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, преку својот фејсбук-профил упати порака по повод годишнината од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

Според Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите претставуваат траен аманет за идните генерации.

Во продолжение е целосната објава на министерот Мисајловски:

„На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски, Раде Јанковски.

Пред 25 години, кај месноста Љуботенски Бачила, тие храбро го положија својот живот за татковината. Нивната храброст и пожртвуваност се траен аманет за идните генерации.

Нивните имиња нека се спомнуваат со гордост, а нивното дело нека биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината. Вечна слава на македонските херои“, напиша Мисајловски.

Exit mobile version