Мисајловски: 80.000 потписи за една недела е навистина добар ветер во грб, да ставиме крај на политичкиот попис

Сакам да истакнам дека сум премногу задоволен и премногу благодарен на многу македонски граѓани што ни дадоа потпис. Зборувам оној потпис на овие штандови за оној фалсификат попис. Сакам да најавам дека преку 80.000 потписи собравме за една недела, тоа е навистина за поздрав и за восхит, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-Денеска тука во Ѓорче Петров, повторно сме на терен заедно со претседателот на Општинскиот Комитет секако и пратеник Бојан Стојаноски, со Дафина Стојаноска пратеничката, и со претседателот на Градскиот Комитет на Скопје Владимир Нелоски, и со многу луѓе што ни се приклучуваат на оваа акција за еден куп потписи да собереме, за да ни дадат поддршка на нас пратениците да го бутнеме овој фалсификат попис. И затоа уште еднаш ќе кажам 80.000 потписи за една недела е навистина еден добар ветер во грб за сите нас пратеници. Се разбира потоа ние ќе го доставиме овој закон и во Собранието и ќе се надеваме се разбира да има слух оваа власт, да не тера со главата во ѕид. Сакам да ги охрабрам граѓаните уште помасовно да ни се приклучуваат бидејќи се уште трае оваа кампања, и ќе продолжи во наредните две – три недели за да имаме што повеќе потписи. Еве додека јас зборувам, граѓани се потпишуваат и навистина ни даваат елан за да продолжиме со оваа акција. Насекаде во Македонија се чувствува оваа атмосфера и се чувствува расположението дека сакаат промени во власта. Видовте вие што се случува со овој попис, пред неколку дена општинските организации или како да се нарекуваат оние на СДСМ почнаа да ставаат огласи за попишувачи. Ова значи дека не е статистичка операција, ова е сепак политичка операција што ја тера власта со оние во нивната коалиција. И на крај бројките ќе бидат да речам фингирани. Затоа народот е добро што ни се приклучува и оваа тема што ја кренавме е навистина на едно високо ниво и се надевам дека ќе имаме уште подобар резултат во периодот што следи, истакна Мисајловски.

Затоа би завршил со овој дел, само со уште едно големо благодарам на сите граѓани бидејќи навистина многу ни значи, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега