Мис со недели е заробена на аеродром , ѝ се заканува смртна казна

Поранешната Мис на Иран , 31- годишната Бахаре Заре Бахари три недели била заробена на аеродромот на Филипини.

Дури денеска владата на Филипини и одобри азил.

Мисицата неодамна сними видео во кое вели дека се плаши за својот живот бидејќи властите би можеле да ја депортираат назад во Техеран, каде се соочува со смртна казна заради критикување на режимот. На 17 октомври Бахари побара азил.

Животот на мисицата последните неколку недели бил таков што  се капела во јавен тоалет и спиела во минијатурна просторија.

"Не сум добро, косата ми опаѓа од стресот. Немам приватност бидејќи просторијата нема врата, не можам да се преоблекувам", рече таа.

„Сите sидови се бели, креветот е бел, секогаш е осветлен. Не знам дали е седум часот наутро или седум навечер. Го губам поимот за време, а понекогаш и разумот“, се пожали таа.

Бахари тврди дека не била во Иран веќе пет години. Властите велат дека таа ја навредила земјата критикувајќи ги законите и ставот кон жените во земјата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега