Утрово целата земја е под влијание на многу ниски температури. Најстудено во 7 часот беше во Берово со измерени -12 степени, по што следат Крива Паланка со -11 и Демир Капија, Крушево и Попова Шапка со -10 степени.

Ниски температури од -9 степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Тетово, Маврови Анови и Скопје (Петровец). Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор се измерени -8, додека во Куманово, Виница и на Зајчев Рид во Скопје температурата се спушти до -7 степени. Најтопло, но сепак под нулата, беше во Гевгелија со -5 степени.

Покрај студот, УХМР извести и за висината на снежната покривка:

  • Попова Шапка: 26 сантиметри
  • Крушево: 15 сантиметри
  • Ѓуриште: 4 сантиметри
  • Тетово и Берово: 2 сантиметри

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен западен ветер. Максималната температура ќе се движи од -1 до 7 степени, додека во Скопје ќе достигне до 5 степени Целзиусови.

Exit mobile version