Миновски: Генералниот наратив на оваа Влада е “Ќе“ но од ветувањата нема ништо


Владата само дава ветувања кои потоа не ги исполнува, вели за детектор поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.

„ Мислам дека генералниот наратив е „Ќе“. Значи ќе биде, ќе анализираме, ќе направиме но гледаме дека во реалноста имаме многу малку поместувања на подобро. Никој генерално не е против зголемување на платите неопходно е да се зголемуваат платите. Генерално сите сакаме да имаме повисок животен стандард. Но тој животен стандард треба да го обезбеди приватниот сектор кој што ќе има соодветни услови за раст и развој и тоа е единствено одржилва онцепција и за буџетот, за обезбедување на средства во буџетот но и за благосостојбата и на граѓаните и на компаниите“ – вели Миновски за Детектор.

Дека се води лоша економска политика, според Миновски доказ се и извештаите на светските релевантни институции како и ранг листите на кои македонската економија добива послаби оценки од порано.

“Гледаме дека на сите индикатори, и на Doing Business и на сите ранг листи кои што ги имаме релевантни, Македонија паѓа, тоне на тие листинзи што укажува на тоа дека се праќа лош сигнал пред се во делот на фискалната политика“ – вели Миновски

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2019 - 16:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега