Минов: Ќе го прекинам членувањето во пратеничката група ако е разрешен Јанчев

 

Бидејќи добив информација дека Христијан Мицкоски вечерва на Централниот комитет го разрешил Митко Јанчев од потпретседател и сметам дека тоа е погрешна одлука, ако е тоа така, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група, предводена од ВМРО ДПМНЕ каде сум коалицонен партнер од ГРОМ додека Мицкоски е претседател.

Ова го изјави во дебатата на ТВ24 Минов.

-Сметам дека Јанчев е успешен градоначалник, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци со кој победивме во коалиција на парламентарните избори, и на локалните избори кога тој стана градоначалник. Со вакви недемократски методи поради различно мислење во партијата, за мене е несфатливо, рече Минов.

 

 

 

22.10.2018 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега