Министри од Владата на Египет поднесоа оставки поради масовните протести

Четворица министри од египетската Влада денеска доставија оставки, ден по масовните протести против претседателот исламист Мохамед Морси, јавија западни медиуми повикувајќи се на владин извор.

Министерот за туризам, министерот за комуникации и информациски технологии, државниот министер за заштита на животната средина и министерот за правни и парламентарни прашања врачиле заедно оставки до премиерот Хишам Кандил.

Претходно, локални медиуми јавија дека министрите поднеле оставки како солидарност со демонстрантите кои бараат повлекување на Морси од функцијата.

најчитано сега