Министерството за одбрана вработува - плата 25.000 денари

Врз основа на член 38 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник наРепубликаМакедонија" бр. 36/10, 23/1 1, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16), a согласноискажаните потреби за пополнување на Армијата на Република Северна Македонија со цивилен персонал, Министерството за одбрана распишува

ЈABEH ОГЛАС
за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македонија
 

1. Се распишува јавен оглас за прием на цивилен персонал на служба во Армијата на Република Северна Македони)а (во натамошниот текст „Армијата" на неопределено време и тоа;
психолог, 5 (пет) извршители:
- 1 (еден) психолог во гарнизон Тетово:
- 1 (еден) психологвогарнизон Штип;
- 1 (еден) психолог во гарнизон Кичево;
- 1 (еден) психолог во гарнизон Прилеп;
- 1 (еден) психолог во гарнизон Велес;
советник за безбедност и заштита при работа, 1 (еден) извршител во гарнизон Скопје раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации, 1 (еден) извршител за работа во Скопје инструктор по англиски јазик, 2 (два) извршители во гарнизон Скопје

2. На јавниот ошас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа;

Општи услови:
1. да е државјанин на Република Северна Македонија,
2. да е полнолетен,
3. да има завршено високо образование,
4. да има општа здравствена и физичка способност и
5. да не е постар од 40 години.

Посебни услови:
1. да има високо образование и тоа:
- за прием на психолози: Научно подрачје општествени науки, група психологија дипломиран психолог,
- за прием на советник за безбедност и заштита при работа: Научно подрачје техничкотехнолошки науки, Машински факултет - група машинство дипломиран машински инженер и соодветен курс за безбедност и заштита при работа,
- за прием на раководител на Сервис за термоенергетика, објекти и инсталации: Научно подрачје техничкотехнолошки науки, Машински факултет - група енергетика (термотехника и термоенергетика) и
- за прием на инструктори по англиски јазик: Научно подрачје хуманистички науки, насока англиски јазик, професор по англиски јазик

3. Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот.

4. Нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство, согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во АРМ, ќе изнесува околу 25. 000, 00 денари

5. Рокот за пријавување на огласот е 5 дена од денот на неговото објавување.

6. Заинтересираните кандидати доставуваат пријави до Министерството за одбрана, непосредно во деловодството на министерството или по пошта со препорачана пратка.

7. Кон пријавата кандидатите приложуваат:
- доказ за завршено образование,
- уверение за државјанство,
- извод од матична книга на родени,
- уверение со кое се докажува здравствената способност, издадено од Институт за медицина на труд,
- мотивациско писмо.

8. Документите задолжително да бидат во оригинал или заверена фотокопија.

9. Некомплетните и ненавремените пријави нема да бидат разгледувани.

1 0. Постапката за избор на кандидати ја спроведува Комисија формирана од министерката за одбрана, согласно важечката законска и подзаконска регулатива.

1 1 Избор на кандидати кои ги исполнуваат условите за прием на служба во Армијата врши министерката за одбрана.

1 2. Со избраните кандидати, министерката за одбрана или од неа овластено лице склучува договор за работа.

13. Јавниот оглас се објавува во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и по еден во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазикразличен од македонскиот јазик.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега