Министерство за здравство: Регистрирани 78 нови случаи на Ковид-19 - оздравени се 172, а починати 5 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5. 
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје-72, Куманово-53, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-1, Гостивар-5, Пробиштип-2, Ресен-4, Неготино-1.
Починати се  5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 70 и 80 години.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пациенти на возраст 77 и 63 години, кај едниот пациент вирусот е докажан постмортем. Во ОБ Струга е починат пациент на 86 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
-Скопје 3422, активни 1960
-Куманово 801, активни 194
-Дебар 110, активни 58
-Штип 390, активни 157
-Прилеп 281, активни 51
-Тетово 775, активни 391
-Струга 268, активни 169
- Велес 196, активни 42
-Битола 62, активни 23
-Охрид 205, активни 176
-Кавадарци 21, активни 15
-Гостивар 161, активни 93
-Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
-Струмица 17, активни 9
-Крива Паланка 17, активни 11
-Радовиш 4, активни 0
-Крушево 7, активни 3
-Кочани 75, активни 22
-Пробиштип 29, активни 18
-Демир Хисар 2, активни 1
-Македонски Брод 6, активни 4
-Пехчево 6, активни 3
-Берово 3, активни 0
-Валандово 6, активни 2
-Виница 4, активни 1
-Делчево 1, активни 0
-Кратово 5, активни 2
- Свети Николе 47, активни 42
-Кичево 48, активни 39
-Ресен 122, активни 85
- Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 894 теста се преку: ИЈЗ –544, МАНУ -96, Жан Митрев (Филип Втори) -71 и Систина со PCR метода -183. Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 
Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
-Чаир – 402
-Аеродром - 155
-Бутел - 170
-Гази Баба - 201
-Центар – 149
-Карпош – 166
-Сарај – 150
-Кисела Вода – 110
- Ѓорче Петров – 115
-Студеничани – 107
-Шуто Оризари – 95
-Арачиново – 51
-Илинден – 35
-Петровец – 17
-Чучер Сандево – 18
-Сопиште – 9
-Зелениково-8
-Странец – 2
-Нераспределен- 0“, информираше Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега