Министерство за здравство: Потврдени 182 новозаразени со коронавирус - 6 лица починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.
„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1, Кичево-1.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
-Скопје 2243, активни 1507
-Куманово 668, активни 219
-Дебар 62, активни 10
-Штип 254, активни 205
-Прилеп 229, активни 16
-Тетово 481, активни 297
-Струга 147, активни 68
-Велес 156, активни 29
-Битола 37, активни 9
-Охрид 90, активни 71
-Кавадарци 8, активни 3
-Гостивар 78, активни 52
-Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
-Струмица 10, активни 7
-Крива Паланка 10, активни 4
-Радовиш 4, активни 0
-Крушево 5, активни 2
- Кочани 56, активни 23
-Пробиштип 11, активни 9
-Демир Хисар 1, активни 0
-Македонски Брод 3, активни 1
-Пехчево 5, активни 2
-Берово 3, активни 2
-Валандово 5, активни 3
-Виница 3, активни 0
-Делчево 1, активни 0
-Кратово 4, активни 2
-Свети Николе 11, активни 9
-Кичево 5, активни 2
-Ресен 47, активни 46
-Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -152 и Судска медицина-0. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
-Чаир – 336
-Аеродром - 125
-Бутел - 118
-Гази Баба - 128
-Центар – 121
-Карпош – 103
-Сарај – 105
-Кисела Вода – 80
-Ѓорче Петров – 62
-Студеничани – 71
-Шуто Оризари – 51
-Арачиново – 38
-Илинден – 24
-Петровец – 12
-Чучер Сандево – 8
-Сопиште – 12
-Зелениково- 1
-Странец – 3
-Нераспределен-4“, информира Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега