Министерството за правда постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори. Во однос на случајот со Никола Груевски, се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура.

„Собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив.

Воедно, нагласуваме дека сите постапки  се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.

Министерството останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок“, стои во соопштението од Министерството за правда.

Exit mobile version