Министерот Вулин за утре најави нов удар врз групата на Велја Неволја - истрагата се шири, досега откриени 30 локации

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин оценил дека неодамнешната акција за апсење на организирана криминална група на Вељко Беливук е една од најголемите акции од 2003 година.

Тој рекол дека досега се приведени 20 лица, дека правосудството продолжува да ја работи својата работа, како и МВР и БИА.

„Одреден им е притвор од 30 дена. Истрагата продолжува. Од утре почнува и финансиска истрага и сите овие лица ќе мораат да го објаснат и потеклото на своите имоти“, истакнал Вулин.

Тој додал дека организираната група се товар за три убиства.

„Итрагата се шири, некој учествувал заедно со нив и им продавал дрога, правел и други тешки дела. До овој момент пронајдовме 30 различни локации каде е пронајдена дрога, оружје и пари. Отпор при апсењета не можам да кажам дека имаше“, рекол Вулин.

Вулин рекол дека по дефиниција организираниот криминал е поврзан со структурите на државата, но дека тоа сепак истрагата треба да го покаже.

„Сега е правосудството на дело“, истакнал министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.02.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа