Министерот Спасовски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Огромната поддршка која Француската Република ѝ ја дава на Макеоднија за остварување на напорите за членство во ЕУ, беше во центарот на вниманието на денешната средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Француската Република во заминување, Кристијан Тимоние, што се одржа во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски изразл благодарност за обемната помош од француска страна за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во форма на експертиза, обуки, заеднички оперативни акции и проекти, што придонесува за развивање на капацитетите на Министерството.

– Обострано беа изразени задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и желба за уште поголемо интензивирање на соработката на сите полиња на безбедноста, се наведува во денешното соопштение од МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега