Министерот Хасан во посета на компанијата Сара-колант, ги претстави новините од Законот за финансиска поддршка

 Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ја посети компанијата Сара-Колант во Скопје, компанија од текстилната индустрија што има специјализирани продавници во Скопје и е корисник на поволностите што ги нуди новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите.

Министерот Хасан, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабинет, при посетата  е запознаен со работата на компанијата и со современите технологии и процеси што се користат во процесот на работење, како и идните економски потфати што ќе ги преземе компанијата.

Сопственикот на компанијата, Вили Филиповски го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Владата, при што министерот им ги презентираше новите измени на Законот и им ја изрази својата поддршка во процесот на остварување на целите на инвестицијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега