Министерот Џафери на средба со амбасадорот на Норвешка

Министерот за одбрана Талат Џафери, денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, акредитиран за Република Македонија, Нилс Рагнар Камсвог.

На средбата, како што стои во соопштението од Министерството за одбрана, соговорниците изразиле задоволство од одличната соработка помеѓу двете земји, особено во областа на одбраната и на безбедноста.

 

Министерот Џафери изразил голема благодарност кон Кралството Норвешка за отворената и континуирана поддршка за зачленување на Република Македонија во евроатлантските структури, како и за значителната поддршка за развој, увидена преку многубројните донации и помош за развој на регионалните капацитети и проекти.

ФОТО: НоваМакедонија