Министерката за надворешни работи на Шведска потпиша барање за влез во НАТО

 

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде потпиша барање со кое се изјавува дека земјата сака да се приклучи на НАТО.

Овој потег го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување на воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на долгогодишната воена неутралност.

„ Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО“, рече Линде.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да ја обезбеди безбедноста на шведскиот народ.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека влезот на двете нордиски земји во НАТО нема да претставува закана за Русија, но воената експанзија на територијата ќе предизвика нивен одговор.

17.05.2022 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега