Министерката за економија на Црна Гора: „Мал Шенген“ за Црна Гора би бил губење енергија

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, ја отфрли идејата и можноста земјата да се придружи на балканската верзија на европската Шенген зона која се заговара меѓу Албанија, Србија и Црна Гора со можност да и се придружат и други држави.

Според Секулиќ, за Црна Гора тоа би било губење енерија бидејќи нејзината земја веќе ги отворила границите и ги елиминирала трговските бариери со соседите.

Таа истакнала дека Црна Гора веќе е член на ЦЕФТА, каде членува и Македонија, и дека Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Секулиќ додсла дека граѓаните на Црна Гора веќе патуваат со лична карта земјите од регионот освен во Хрватска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега