Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешниот брифинг со медиумите оцени дека изминатава година поминала во знакот на вистински, а не козметички промени. Клучниот пресврт се случи во јуни со донесувањето на трите системски закони кои го поставија темелот за модерна и департизирана администрација.
„Со формирањето на Академијата за едукација на јавните службеници и новите правила за вработување, покажуваме дека интегритетот и резултатите се единствената мерка за успех. Ова не е само законска рамка, туку дел од Кластерот ‘Основи’ кој е клучен за нашиот пат кон ЕУ“, истакна Минчев. Тој додаде дека сите закони се донесени преку широк и транспарентен процес со вклученост на општините, невладиниот сектор и меѓународните партнери.

