Минаа три месеци од смртта на Епстајн, а сега за прв пат се огласи неговиот брат: Можно е брат ми да е убиен

Братот на покојниот милијардер педофил Џефри Епстајн изјавил дека е можно неговиот брат да е убиен, но дека не постои начин тоа да го докаже.

Марк Епстајн за Fox News рекол дека неговиот брат имал необјасниви посекотини и рани на телото. Такви видови на повреди, како што објаснил, не можел да добие со бесење на плафон. 

Тој додал дека не постои начин тоа да го докаже, бидејќи властите, како што истакнал, играат игри со него, со оглед на тоа дека упорно одбиваат да му достават медицинска документација.

"Веќе два пати пратив барање до Министерството за правда и уште не ми одговориле. Само ми кажаа дека се известени за моето барање", рекол Марк Епстајн, додавајќи дека прв пат се обратил во Њујоршкиот Завод за патологија на 16-ти август, каде го пратиле во Министерството за правда.

Минале повеќе од 3 месеци, а тој уште не добил медицинска документација за смртта на неговиот брат.

"Немам кого да тужам. А јавноста би требало да ја знае вистината за тоа што се случило во една државна установа. Можно е мојот брат да е убиен", истакнал Марк Епстајн.

Според неговите зборови, тој имал контузија на зглобовите на левата и десната рака, необјасниви дупки на едната рака, како и чудни крвави отпечатоци на едно рамо.

"Тоа никој не го објасни. Дали го врзале со лисици и го задавиле? Дали некој го држел за зглобовите? Сите тие повреди никој не ги споменува", додал Марк, кој, потсетуваме, го ангажирал и експертот за патологија Мајкл Баден.

Овој доктор веќе минатите недели изнел сомненија дека Епстајн бил убиен, споменувајќи ги чудните рани на грлото, како и фрактура на коските, оценувајќи дека тие не се вообичаени кај бесењето, но се кај давењето.

"Дали сите тие повреди настанале една недела пред смртта или за време на самиот инцидент? Без темелна медицинска документација тоа не можеме да го знаеме. А чекаме веќе три месеци, и одговор нема", рекол докторот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега