Милошоски: Законот за СЈО е јасен

Советот на Јавни обвинители има надлежност да именува само вршител на должност на Јавниот обвинител на Република Македонија, до изборот на нов, а не да именува вршители на должност на други обвинителства, уште помалку да бира в.д на Специјланото јавно обвинителство. Ова денеска го напиша Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Според членот 18 став 4 од Законот за јавно обвинителство, Советот на Јавни обвинители има надлежност да именува само вршител на должност на Јавниот обвинител на Република Македонија, до изборот на нов, а не да именува вршители на должност на други обвинителства, уште помалку да бира в.д на Специјланото јавно обвинителство. Законот за Специјалното јавно обвинителство е јасен. При престанок на мандатот на специјалниот јавен обвинител, новиот се избира според постапката утврдена во членот 3 од Законот. Законите секогаш се толкуваат според целта и намерата на нивното донесување. Нивното произволно толкување од страна на Јовески и на Заев не може да биде посилно од законската норма. Во спротивно нема да чуди ако Советот на јавни обвинители добие задача од Јовески или Заев да изберат и в.д министер за финансии и в.д државен ревизор, како и в.д директор на МКЦ!?, напиша тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега