Милошоски: Заев ги помина сите црвени линии кои народот може да ги поднесе, на понижувањето треба да му ставиме точка

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски денеска не ја започна седницата, бидејќи како што рече време е за протест, а не за седница.

-За од еден неурамнотежен политичар да се заштити жртвата за државност и слобода на Кочо Рацин, Неџат Аголи, Естреја Овадија Мара, Стив Наумов, Лиман Каба, Методија Андонов Ченто! Треба да излеземе на протест да му кажеме на Заев да запре. Дека во државата има повеќе достоинство отколку што тој има интерес да го распродава државното, нациналното и традиционалното стекнат богатство. Сметам дека Заев ги помина сите црвени линии кои народот може да ги поднесе. Сметам дека на ваквото понижување треба да му ставиме точка. Затоа оваа седница за комисијата за надворешна политика нема да ја отпочнам и ве повикувам сите заедно вечер со граѓаните да се придружиме на протест и да ги оправдаме и честа и жртвите и на Македонците и на Албанците, Евреите, Турците и на сите други коишто ги положиле за создавањето на оваа држава и да му кажеме стоп на овој човек кој што делува како неурамнотежен политичар и ги распродава интересите на Македонија само за свои краткорочни политички цели, нагласи Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега