Милошоски за ФАЦ: Ако еден ден уценетите пратеници проговорат може да се создаде атсмофера за враќање на уставното име

Полноправното членство во ЕУ во следнава деценија станува невозможна мисија, па дури можеби и за подолго време, вели поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во интервју за Франкфуртер Алгемајне Цајтун.

 

-Процесот на проширување на ЕУ е клинички мртов. Следните 2-3 години ќе покажат, дали во ЕУ има политичка волја, преку реформи, истиот повторно да оживее. На политиката на проширување на ЕУ и недостасува стратешки правец. На Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија со секоја година ќе им станува се потешко да веруваат во перспективата за полноправно членство и во тој правец да ја ориентираат својата политика. Затоа нашите држави би требало на еден од следните Самити ЕУ-Западен Балкан да бараат разјаснување. Наивните ветувања не се доволни. Добра можност да се покаже дека потребните реформи во државите од западниот Балкан се поддржуваат не само со празни зборови би било на регионот да му се дозволи барем парцијално да учествува во користењето на стриктурните фондови од ЕУ – вели Милошоски.

Тој ги кажа и опциите за враќањето на името.

-Една можност е Уставниот суд да ја поништи Спогодбата со Грција. Тоа би се случило врз основа на референдумот од минатата година, на кој немаше мнозинство за промена на старото име. Потоа, тука се и оние пратеници во нашиот парламент кои под принуда, закани и уцени, значи против нивната слободна волја, гласаа за промена на името. Тие се соочуваа со закани за затворски казни од страна на Специјалното јавно обвинителство или судии под контрола на власта ако не гласаат за промена на Уставот. Доколку по промената на Власта најдат храброст, јавно да проговорат за тоа и се обратат до државното обвинителство, би можело да се промени атмосферата и да се девалвира тогашното двотретинско мнозинство и повторно враќање на претходниот Устав, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега